Американската војска не е доволно подготвена за војна со Кина, тврди пензионираниот американскиот генерал Џек Кин.
„Не сме подготвени така како што би требало да бидеме. Немаме ефикасна воена воздржаност во регионот. Кина им повеќе бродови, повеќе авиони и повеќе ракети од САД“, рекол Кин за „Fox Business“.
Тој додал дека Тајван исто така не е воено подготвен за војна со Пекинг.
Претходно телевизијата „NBC“ јави дека американскиот генерал Мајк Минихан на своите потчинети им пратил официјален допис во кој претпоставил дека САД за две години ќе војува со Кина. Истакнува дека дописот е пратен до сите команди на воздушните сили.
Во него Минихан исто така наложил до крајот на февруари да се поднесе извештај за големите мерки за подготовка за борбени дејствија со Кина.
Ситуацијата околу Тајван ескалирала на почетокот на август, откако островот го посетила претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси.
Кина ја осудила оваа посета, оценувајќи ја како поддршка за тајванскиот сепаратизам и по посетата одржала големи воени вежби во Тајванскиот мореуз.
Пекинг не го признава суверенитетот на Тајван, го смета за своја покраина и инсистира „политиката на една Кина“ да се почитува во целиот свет.