Најмистериозниот чин на крунисувањето на британскиот крал ќе се прикажува пред камери?

Точка

31/01/2023

13:25

3.890

Големина на фонт

а а а

Новиот британски крал Чарлс трети ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија, а британските медиуми на големо зборуваат за деталите од историскиот настан.

Крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде помало од она кое го организирала неговата мајка Елизабета втора, но оваа година пред камерите би можело да се случи нешто непредвидено.

Кралот Чарлс трети би можел да стане првиот монарх во британската историја кој ќе биде јавно помазан на своето крунисување во уште едно прекинување на традицијата, велат извори од палатата.


Во претходните крунисувања, моментот во кој архиепископот од Кентербери ги помаза рацете, градите и главата на суверенот со свето масло не беше виден во јавноста или пред камерите.

Кога Елизабета втора била помазана за британска кралица, над нејзината глава стоела крошна од златна ткаенина, а телевизиите кои го емитувале крунисувањето ја затемниле сликата неколку секунди.

Се сметало дека чинот на помазание на монархот е најсветиот чин на крунисувањето, кој јавноста не смее да го види, а со тоа и најмистериозниот чин на самата церемонија. Милиони луѓе би можеле да го видат оваа година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг