Данска ги пречека ракометните херои

Макфакс

31/01/2023

12:43

21.316

Големина на фонт

а а а

Данска ги пречека ракометарите кои направија неверојатен успех откако третпат по ред ја освоија светската круна. Тоа предизвика голема еуфорија во центарот на Копенхаген, каде што повеќе од 20.000 фана се собраа да им оддадат признание за големиот успех.

Данска ја победи Франција во финалето на Светското првенство, а селекторот Николај Јакобсен и ракометарите добија овации на пречекот.

„Ова е најголемиот момент во мојот живот. Ова не се опишува со зборови. Благодарност до сите што ни приредија ваков пречек, а ние ќе се трудиме и во иднина да ве радуваме“, изјави голманот Никлас Ландин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг