3 лаги кои мажите најчесто ги изговарат пред својата партнерка за да го добијат тоа што го сакаат

Точка

31/01/2023

13:13

24.531

Големина на фонт

а а а

На секоја жена барем еднаш срцето ѝ било скршено и на секоја жена барем еднаш мажот ја изневерил.

Сите знаеме дека мажите лажат и тоа не е никаква новост, но секоја жена се надева дека нема нејзе да ја лаже, а особено не во лице, но сепак за жал тоа се случува.

А, зошто мажите лажат?

Некогаш тоа го прават за да не ги повредат чувствата на својата партнерка, а некогаш за да не ги повредат своите чувства. Сепак, некогаш едноставно лажат поради тоа што не се добри луѓе и за да го добијат тоа што го сакаат.


„Ти си виновна за ова“

„Ова никогаш не била врска, тоа ти сама си го замислуваш. Ти реков дека тоа никогаш нема да може да биде така. Не ме слушаше“, вели тој алудирајќи на тоа дека жената е виновна што ја повредил.

Секоја жена барем еднаш се сретнала со момче кое ја убедувало дека не биле во врска, иако биле, а потоа вината ја префрлил на неа поради својот недостаток на предаденост. Ваквите лаги служат само за намалување на неговата одговорност, а мажите кои ги изговараат сакаат да направат сè за тие да се чувствуваат подобро.

„Едноставно не сум подготвен“

Доколку каже дека не е подготвен или дека врската моментално му е премногу и притоа ве напушти, веројатно не е искрен со вас, туку смислува цела низа на изговори за да го оправда тоа што ве напушта.

Тоа го прави за да може да излезе со други жени и тоа нема врска со тоа дали тој е подготвен за тоа или не.


„Ти си луда. Ти треба терапија“

Доколку ви каже „дека сте луди, ментално нестабилни и дека сè е во вашата глава“, сето тоа е облик на емоционално злоставување во кое злоставувачот манипулира со ситуација за да ја наведе жртвата да се посомнева во себе.

На тој начин се обидува да ве наведе на тоа да му поверувате и да добие контрола над вас, а изјавата како оваа погоре е многу честа лага кај таквите манипулативни мажи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг