Зимската бура во САД откажа 1.000 лета

Макфакс

31/01/2023

12:16

1.119

Големина на фонт

а а а

Речиси 1.000 лета беа откажани во вторникот во Соединетите Американски Држави бидејќи екстремните зимски временски услови зафатија делови од земјата.

Откажани се речиси 300 лета од „Далас форт ворт интернационал“, а откажани се речиси 70 лета, кои поаѓаат од Филд.

Други забележителни откажувања вклучуваат речиси 80 ​​лета, кои поаѓаат од Остин – „Бергстром интернационал“ и 45 лета, кои поаѓаат од Нешвил.

Првиот бран на замрзнат дожд и лапавица ќе почне да слабее откога ќе се движи низ централниот дел на Тенеси, централниот дел на Кентаки и јужниот дел на Западна Вирџинија.

Уште еден круг замрзнат дожд и мраз ќе почне во поголемиот дел од Тексас денес и ќе се упати во Оклахома до средината на денот упатувајќи се кон Литл Рок, Мемфис и Нешвил, пренесува „Телеграф“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг