Легенда на Реал се нуди да го замени Гатузо во Валенсија: Не се плашам од ништо

Дерби

31/01/2023

10:48

1.692

Големина на фонт

а а а

Валенсија полека се претвора во шпанска ноќна мора за сите фудбалски тренери кои пристигнуваат во овој клуб, бидејќи во последните осум години беа сменети дури 10 тренери на „Месталја“.

Последниот во низата е Џенаро Гатузо, откако ужасните изданија на тимот и лошите резултати завршија со разделба меѓу двете страни во текот на вчерашниот ден.

Популарниот Рино е десеттиот тренер кој завршува неславно во ерата „Питер Лим“ во Валенсија, а во моменти кога шпанските емисии на големо ги коментираа последните случувања во клубот, пристигна интересна изјава од легендарниот Гути.

Некогашниот легендарен играч на Реал Мадрид се понуди да ја води Валенсија во вечерното издание на „Ел Чирингито“, потенцирајќи дека е подготвен да се врати во тренерските води и да прифати и едно од најжешките столчиња во Примера.

– Сакам да бидам тренер и со тоа ти кажувам се. Јас не се плашам од ништо, немам страв од никаков притисок. 15 години бев во најдобриот клуб во светот и знам што значи притисок, – изјави Гути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг