Конте конечно дочека важно засилување: Поранешниот играч на Сити слета во Лондон за 45 милиони евра

Дерби

31/01/2023

10:28

1.665

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте ќе има тешка задача да го повтори успехот од минатата сезона и да се најде во топ четири во Премиер лигата, но денеска сигурно ќе биде малку позадоволен кога е во прашање трансфер политиката која ја води клубот, бидејќи Италијаецот доби засилување кое силно го посакуваше.

Педро Поро воодушеви на дуелите против Тотенхем во Лигата на шампионите оваа сезона и го привлече вниманието на Конте, а само неколку месеци подоцна се претвора во големо зимско засилување за „петлите“.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити веќе слета во Лондон за да го комплетира трансферот вреден 45 милиони евра, откако преселбата веќе ја потврди и самиот играч кој беше уловен на аеродромот во Лисабон.

– Навистина сум многу благодарен на Спортинг. Го сакам овој клуб, но не тренирав во последно време бидејќи бев фокусиран на трансферот во Тотенхем. Секогаш ќе останам благодарен на овој клуб и на фановите на Спортинг, – порача Педро Поро на заминување.

Природна позиција на Шпанецот е десен бек, но поради извонредните офанзивни квалитети, често знае да игра и на десната крилна позиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг