Влаховиќ побарал трансфер во Реал Мадрид – до крајот на денот!

Макфакс

31/01/2023

10:25

1.269

Големина на фонт

а а а

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ сака да го напушти Јувентус и тоа би можело да се случи во последниот ден од зимскиот преоден рок, а следната дестинација е – Реал Мадрид.

Сензационалната вест ја пренесе шпанскиот новинар Томас Гонзалес кој вели – Душан Влаховиќ преку својот агент побарал да се обиде да го однесе во Реал Мадрид.

Деталите не се познати, но она што со сигурност го знаеме е дека во 2023 година може да се очекува егзодус од Јувентус, слично како што се случи во 2006 година по „Калчополи“.

Влаховиќ не е среќен во Јувентус и сака да си замине по една година, а иако Реал го заврши преодниот рок, прашање е дали Флорентино Перез може да реагира експресно во една ваква ситуација. Секако, да го доведе Душан Влаховиќ на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп на неговиот договор.

Јувентус тешко ќе прифати со оглед дека се повреди и Милик, а тренерот Масимилијано Алегри нема многу време или опции да го замени Влаховиќ.

Реал Мадрид и Јувентис се во одлични односи, а ако Влаховиќ навистина инсистира на заминување и Флорентино Перез „загризе“, тогаш сѐ е можно до вечер…



Спонзорирани линкови

Маркетинг