(Фото) Убавиот кабриолет влегува во производство

Точка

30/01/2023

19:21

9.431

Големина на фонт

а а а

Корејскиот произведувач во неколку години откако самостојно егзистира на пазарот остварил значаен успех, но тука не мисли да запре.

Напротив, по неколкуте многу атрактивни концепти пристигнува и првата потврда. Преубавиот „Genesis X Convertible“ влегува во производство. Тоа за „Automotive News“ го потврди Питер Ланзавекиа, претседавач на советодавниот совет на дистрибутери на марката „Genesis“: Тој притоа открил дека проектот лично го одобрил Лук Донкерволке, креативен директор на „Genesis“.


Ланзавекиа потврди дека тоа ќе биде најпрестижниот модел во гамата и најавил дека поради овој модел „многумина ќе го заменат „Bentley Coninental"„за нов „Genesis“. Престижниот модел носи и соодветна цена, а според истиот извор таа ќе изнесува повеќе од 200.000 долари, а можеби и повеќе од 300.000 долари.


„Мислам дека производството на тој кабриолет ќе помогне да се стави извичник на крајот на реченицата која вели дека „Genesis“ е вистинска луксузна марка“, заклучил Ланзавекиа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг