Треба ли да им се забрани на децата до 13 години да користат социјални мрежи?

Точка

30/01/2023

14:50

6.329

Големина на фонт

а а а

Лекарот Вивек Мурти, вицеадмирал во „United States Public Health Service Commissioned Corps“ во неделата оценил дека децата на возраст до 13 години се премлади за социјалните мрежи бидејќи сè уште го развиваат својот идентитет.

„Meta“, „Twitter“ и многу други џинови меѓу социјалните мрежи им дозволуваат на 13-годишни деца да се приклучат на нивните платформи.

„Јас, лично, на основа на податоците кои ги видов, верувам дека 13 години е прерано – тоа е возраст за која е многу важно да размислиме за тоа како тие размислуваат за сопствените вредности и своите односи. А често лошото окружување на социјалните мрежи им прави лоша услуга на многу од тие деца“, изјавил Вивек Мурти за „CNN Newsroom“.

Бројот на тинејџери на социјалните мрежи предизвикал тревога меѓу медицинските експерти, кои укажуваат на се поголемиот број на истражувања за штетноста која таквите платформи можат да им ја нанесат на адолесцентите.

Првиот човек на американското јавно здравство Мурти ги признал тешкотиите во оневозможувањето на децата да ги користат тие платформи со оглед на нивната популарност, но сугерирал дека родителите можат да влијаат повеќе на тоа.


„Ако родителите можат да се здружат и обединет, да не им дозволуваат на децата да користат социјални мрежи до 16, 17 или 18 години, тоа е многу ефикасна стратегија во осигурувањето на тоа децата да не бидат изложени на штетата“, рекол Мурти за „CNN“.

Новото истражување сугерира дека седењето на социјалните мрежи може да ја промени хемијата во мозокот на адолесцентите.

Според истражувањето објавено овој месец во списанието „JAMA Pediatrics“, учениците кои редовно ги прегледувале социјалните мрежи покажале поголема неврална чувствителност во одредени делови на мозокот, поради што нивните мозоци со време повеќе реагирале на социјалните последици.

Психијатрите како д-р Ејдриен Стејси со години укажувале на таа појава. Стејси, која првенствено работи со тинејџери и ученици, претходно за „CNN“ изјавила дека користењето на социјалните мрежи предизвикува исфрлање на допамин во мозокот.


„Кога правиме работи кои предизвикуваат зависност, како употреба на кокаин или паметни телефони, нашиот мозок отпушта многу допамин наеднаш. Му кажува на нашиот мозок да продолжи да ги користи“, вели таа. „Посебно кај тинејџерите, тој дел од мозокот е всушност хиперактивен во споредба со возрасните. Не можат да се мотивираат да прават било што друго“.

Неодамнешните истражувања покажуваат други начини на кои прекумерното време пред екран може да влијае на развојот на мозокот. Кај малите деца, на пример, прекумерното време пред екран е значајно поврзано со послабите вештини за писменост и способноста за користење на експресивен јазик.




Спонзорирани линкови

Маркетинг