Театрални, декадентни парчиња создадени за привлекување внимание: Новата колекција на „Mugler“ е судир на два потполно различни света

Точка

30/01/2023

15:00

6.393

Големина на фонт

а а а

Помина нешто повеќе од една година откако почина славниот моден дизајнер Тјери Муглер, но неговото наследство продолжува да живее.

Декаденција, изразени женски атрибути, апстрактни кроеви – сето тоа имавме прилика да го видиме и на новата ревија на брендот „Mugler“, но на нешто посвеж, посовремен начин.


Креативниот директор на брендот, Кејси Кадваладер, ѝ даде нов печат на колекцијата која беше претставена пред неколку дена на Модната недела во Париз. Муглеровата типична театралност продолжи да живее, но наместо вообичаените светки, перја и металик материјали, сега тоа се кожа, тантела и провидни детали.

Целата колекција е судир на два потполно различни света – нежни жени кои се дотеруваат во својот будоар и „бајкерски“, бунтовни диви. Допир на готик мода, гранџ гламур, драматични кроеви, владеење на црната, белата и црвената – колекцијата навистина остава силен впечаток.


На пистата прошетал фантастичен микс од модели, легенди на манекенството, но и ѕвезди на поп-културата: легендарната Ева Херцигова, Шалом Харлоу и Дебра Шо, американската водителка Зиве, најбараната манекенка на денешницата Ирина Шајк, пејачката Арка, плус сајз моделот Палома Елсезер, актерката Амбер Валета...





Спонзорирани линкови

Маркетинг