Ова е првиот автомобил на „Xiaomi“

Точка

30/01/2023

13:27

8.929

Големина на фонт

а а а

Овој автомобил на пазарот би требало да се појави на почетокот на идната година.

Има се повеќе произведувачи од потрошувачката електроника кои размислуваат да влезат во автоиндустријата. „Xiaomi“ тука делува како најсериозен, па така неговите планови за ширење вклучуваат и влез во сегментот на лични автомобили.

Сега прв пат можеме да видиме и како ќе изгледа првиот автомобил „Xiaomi“. Името му е „MS11“, а станува збор за лимузина која со мерките и естетските решенија ќе се потпира на Тесла, но и уште некои играчи во доменот на електричните автомобили.


Било какви технички информации се недостапни, додека фотографиите се со нешто полош квалитет бидејќи се работи за снимки од екран на персонален компјутер, дознава „CarNewsChina“.

Многу е веројатно дека „Xiaomi“ на развојот на автомобилот соработува со бројни партнери, па така дел од технологијата ќе дојде од надвор. Сепак, внатре во компанијата се развиваат погонски електромотори, како и софтвер кој сигурно ќе биде меѓу подобрите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг