(Фото) „BMW“ го претстави „M3 CS“

Точка

29/01/2023

12:46

8.992

Големина на фонт

а а а

Одамна поминаа времињата кога „M“ ознаката беше крајната понуда во спортскиот оддел на „BMW“.

Најновата принова е „CS“ изведбата на моделот „M3“ која има буква помалку (недостасува „L“ за „Light“) од „M4 CSL“, но тоа не значи дека е побавна. Барем не за многу. Неговиот мотор дава 550 коњски сили, што значи дека 100 км/ч ќе дојде побрзо отколку „M4 CSL“ само со погон на задните тркала, и тоа за 0,3 секунди. А притоа има и четири врати и прилично е попрактичен.

Треба да се спомне и 650 Nm вртежниот момент. 100 км/ч достигнува за 3,4 секунди, а стрелката ќе покаже 200 км/ч за само 11,1 секунда. Да, има погон на сите четири тркала, а притоа нема лимит – вози се до 302 километри на час. Сепак, мора да се направи разлика наспроти „M4 CSL“ и неговите 307 км/ч.

Автомобилот ќе испорачува со семи-слик пневматици, а почетокот на продажбата е темпиран за март оваа година. Позната е и цената – се движи од 146.000 евра во Германија.

Знакот за распознавање на новата лута изведба нема да го пронајдете лесно. Од напред е идентичен како „M4 CSL“ лимитиран на само 1.000 примероци. Тука се и жолтите дневни светла.


Карбонски елементи сега има повеќе, а кога на се ќе ги дадеме издувите од титан и кованите бандажи, вагата на крајот ќе покаже 1.765 килограми. Тоа е 140 килограми повеќе од „CSL“, но и некои 20-тина помалку од „M3 Competition xDrive“.

Погледот во кабината открива стандардни седишта од карбон, а на црвените навлаки во комбинација со кожа и Алкантара се надоврзале црвените детали и декорацијата во карбон.

И на крајот една споредба. „M3 CS“ е околу 20.000 евра поевтин од „M4 CSL“, но речиси 50.000 евра поскап од „M3 Competition xDrive“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг