Еден од најпосетуваните градови на светот ќе стане првото место кое за да го посетите ќе ви биде потребна влезница

Точка

28/01/2023

12:30

18.285

Големина на фонт

а а а

Властите на овој италијански град ја одложиле одлуката за наплата на влезници која требала да започне од месецов, на шест месеци затоа што „не обезбедиле навреме премин којшто ќе го лимитира бројот на туристи кои дневно можат да влезат во градот“.

Откако регионот Венето го одобри воведувањето на овој систем уште во 2019 година, тој требало да започне со работа во јануари годинава, што моментално е одложено за шест месеци.

Воведувањето влезници за посета на Венеција е поместено од јануари годинава за налето затоа што навреме не обезбедиле премини кои ќе го лимитираат бројот на туристи кои дневно можат да влезат во Венеција, а сè уште не е детално одредено кој сè влегува во оваа категорија – луѓе кои мора да платат карта за да влезат во градот, а кој не.


Овој најфасцинантен град на светот којшто е и еден од најпосетуваните со 7 милиони луѓе годишно, ќе биде прв град којшто ќе го воведе овој експериментален систем смислен не за да го намали бројот на туристи, туку да овозможи подобар транзит на луѓе низ градот за да се зголеми и квалитетот на туризмот.

„Ова е прв град на светот, единствениот град којшто на овој начин ќе се обиде да даде конкретен одговор на прекумерниот број на туристи во одреден период од годината“, изјавил Симоне Винтурини од Туристичката организација на Венеција.

„Како жител на Венеција се плашам дека влезниците ќе доведат до тоа овој град да стане нешто што не личи на град. Мислам дека тоа воопшто нема да влијае на бројот на туристи и дека ќе биде неефикасно“, изјавил жител на Венеција.


За жителите – бесплатен влез

На жителите на Венеција како и оние кои поседуваат имот во градот нема да им се наплаќаат влезници во градот.

Во таа категорија спаѓаат и вработените луѓе, студентите кои доаѓа во Венеција од здравствени причини, полиција, војска, спортисти кои се наоѓаат во градот заради спортски натпревари, кој мора да присуствува на судење или да посети затвореник, лица кои престојуваат во хотел поради тоа што тие веќе плаќаат такса.


Цифрата која ќе биде потребна да се плати ќе зависи од предвидениот број на влезници и од денот во седмицата и ќе се движи од три до максимум десет евра за задолжителна резервација. Тоа се однесува на влегување во самиот центар на градот којшто буквално е опколен со туристи.

„Ни претстои голема работа за староседелците да се вратат на плоштадот Свети Марко затоа што таму повеќе не одат поради огромниот број на туристи, а граѓаните мора да бидат присутни во својот град, да живеат во него“, изјавил жител на Венеција.


Во првата половина од 2023 година, вклучувајќи го и периодот на познатиот венецијански карневал во период од 4 до 21 февруари, туристите нема да биде потребно да плаќате влезница.

Деновите кои ќе бидат обележани со црвена боја се големи градски манифестации, како што е и Филмскиот фестивал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг