Чоколадно суфле – слатко задоволство на кое тешко ќе одолеете

Точка

27/01/2023

21:50

10.582

Големина на фонт

а а а

Кога сакате да јадете нешто слатко, а немате многу време за подготовка, чоколадното суфле е најдоброто и најслаткото решение.

Секој го сака овој деликатес, а неговата подготовка не бара посебни кулинарски вештини. Важно е да се придржувате до рецептот и да ја печете тортата точно десет минути, за внатрешноста да остане како лава, што го прави овој колач различен од другите.

Состојки:

- 100 гр. чоколадо за готвење;
- 100 гр. путер;
- 100 гр. брашно;
- 100 гр. шеќер;
- 2 јајца;
- 1 кесичка ванилин шеќер.


Подготовка:

Чоколадото за готвење и путерот ставете ги на пареа и оставете убаво да се растопат.

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилниот-шеќер, додадете го расстопеното чоколадо и путер, а потоа нежно измешајте го брашното.


Истурете ја смесата за суфле во калапи кои претходно сте ги премачкале со путер, а потоа калапите ставете ги во рерна загреана на 250 степени. Суфлето се пече точно десет минути за да остане течна внатрешноста на колачот. Ако рерната ви е „појака“, внимавајте како се пече суфлето - штом се формира кора на површината на колачот, извадете го калапот.

Суфлето по желба можете да го послужите со топка сладолед од ванила или чоколадо или да го прелиете со растопено чоколадо.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг