„Многу ја сакав и цел живот ќе ја барам во сè“: Почина ќерката на познатиот актер од „Сопранови“

Точка

27/01/2023

19:20

5.515

Големина на фонт

а а а

Ќерката на актерот од Сопранови, Џон Вентимиља почина на 25-годишна возраст.

Одел почина на 12 јануари - речиси три месеци по раѓањето на девојчето, а причината за смртта на младата мајка не е откриена. Одел се породи со Шајло на 5 ноември 2022 година во болницата Mount Sinai во Њујорк.

Членовите на семејството се шокирани по нејзината смрт.


„Нејзината сестра Лусинда и јас бевме преплавени од пораките за поддршка и љубов што ги добивме и од вашите сеќавања на Одел. Одел беше многу сакана и остава огромна дупка во нашите животи“, напиша нејзината мајка Белинда Кејп на социјалните мрежи.

И нејзината сестра Лусинда сподели потресна објава на својот Инстаграм.

„Никогаш нема да има доволно зборови за да се искаже тагата која сите ја чувствуваме. Многу ја сакав сестра ми и цел живот ќе ја барам во сè“, напиша нејзината сестра.

Таткото на Одел, Џон Вентимиља го играше Арти Бак во хит криминалната серија „Сопранови“. Тој се појави и во популарната драма на CBS „Blue Bloods“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг