„Морав да носам штитници за гениталии за да се одбранам од неа додека снимавме секс-сцени“: Легендата на Холивуд за упорното додворување на колешката

Точка

27/01/2023

18:17

7.516

Големина на фонт

а а а

Легендарниот актер Роберт Редфорд во новата книга открил дека носел два пара гаќи во текот на секс-сцените со колешката Барбара Стрејсенд во филмот „The Way We Were“ за да се заштити од актерката која наводно била заљубена во него.

Популарниот 86-годишник признал дека имал проблеми поради Барбара (80), па бил принуден да стави два генитални штитници пред првпат да легне во ист кревет со неа на снимањето на филмот.

Овие наводи објавени се во книгата „The Way They Were: How Epic Battles and Bruised Egos Brought a Classic Hollywood Love Story to the Screen“ која била објавена на 24 јануари.

Книгата содржи детали за продукцијата, снимањето, но и продукцијата на филмот од 1973 година која на Стрејсенд ѝ донела номинација за Оскар за најдобра главна глумица.


Хофлер наведува дека Редфорд се двоумел дали да ја прифати улогата во истиот филм со жена која не ја сметал за „сериозна актерка“, а исто така сакал да се „заштити“ со оглед на тоа дека во тој момент бил во среќен брак.

Таа пак, била маѓепсана од физичката убавина на Роберт и била очајна од желба да се забавува со него. Дури во текот на снимањето носела и бикини, но сепак Редфорд носел два пара штитници за гениталии и се погрижил кадрите воопшто да не бидат жешки, поточно да може да ги гледаат дури и деца.


Филмот бил снимен во периодот кога Редфорд имал 36, а Стрејсенд 30 години.

Книгата открива и дека актерот одбил во текот на снимањето на втората секс-сцена да ја изговори реченицата „Овојпат ќе биде подобро“ затоа што верувал дека ќе мисли дека и во реален живот е лош во кревет.

Режисерот на филмот Синди Полак открил дека Барбара се заљубила во Роберт пред да почнат со снимање, иако тој на стартот се обидел да постави строги граници.


Наводно на колешката ѝ го кажал следното: „Доколку работиме заедно, мораш да знаеш дека сè што ќе ти кажам во соба ќе биде кажано на доброволна база затоа што сакам да знаеш. Не затоа што ти мислиш дека имаш некое право тоа да го знаеш“.

Но, како што се тврди во книгата на Барбара тоа ѝ била дополнителна мотивација затоа што таа сакала јаки мажи.


Како и да е филмот постигнал неверојатен успех, а кога се полемизирало за тоа дали ќе има продолжение, Редфорд ги згаснал сите надежи со една едноставна реченица: „Барбара би го сакала тоа, но јас не“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг