Откриено зошто мајката на Пике ја малтретирала Шакира во јавност: Сега сите се на страната на пејачката

Точка

27/01/2023

21:56

19.829

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи кружи видео кое открива колку биле лоши односите меѓу пејачката и нејзината свекрва Монсерат Бернабеу.

Откако претходно се знаеше дека Шакира чува кукла од вештерка на балконот и со неа ја плаши Монсерат, поради што постоеше сомнение и за црна магија, многумина застанаа во одбрана на мајката на Пике и нагласија дека другите членови на семејството не треба да се мешаат во љубовни проблеми.

Наводно, поранешната свекрва ја молела пејачката да ја извади куклата од балконот свртена кон нејзината куќа, но таа одбила. Покрај тоа, таа гласно слушала песни и дење и ноќе, што било проблем за Монсерат, која живее на другата страна и ги дели само ѕид. Дел од јавноста застана во одбрана на поранешната свекрва на Шакира, бидејќи биле убедени дека таа „ја држи страната“ на пејачката, откако ѝ ги лајкувала објавите во врска со песната.

Меѓутоа, сега е откриено зошто Шакира ја презира Монсерат и дека не станала сурова кон неа туку-така. Се појави видео на кое пејачката и мајката на фудбалерот се расправаат. Во еден момент Монсерат налутено ја фатила Шакира за лицето, а таа нагло ѝ ја тргнала раката.

Тогаш нејзината поранешна свекрва „низ заби“ ѝ рекла: „Мораш да ја држиш устата затворена“.

Додека се случувало ова, Пике стоел настрана и само ја гледал тепачката помеѓу неговата мајка и девојка.

Корисниците на социјалните мрежи открија потенцијална причина за ваквото однесување на мајката на Пике. Имено, на црвениот тепих на Жерард не му се допаднало модното издание на Шакира и поради тоа збеснал.

„Еве видео од Шакира без јакна на настанот. На истиот настан таа го прегрна, а тој ѝ ги тргна рацете. Беше бесен поради фустанот“, напишал корисникот и го прикачил видеото.

Видеото налути многу луѓе на социјалните мрежи, а коментари само се нижат.

„Бесна сум, буквално. Замисли некој да се осмели да те фати вака за глава пред сите“, „Ама Пике зошто не реагира, срамота за машкиот род“, „Што е ова , луѓе? Каде оваа жена се здобила со правото да се однесува вака со Шакира? Не ѝ е грижа што гледаат луѓе“, „Таа глуми светица со недели, а сега го покажа своето вистинско лице. Срам да ти е, Монсерат“, „Којзнае колку време го трпела ова Шакира“, Само еднаш може некој да ме фати вака за лице“, „Цел овој однос изгледа токсично“, „Сега ми е јасно зошто ја задржа вештерската кукла на балкон“, се дел од коментарите.

Инаку, снимката од инцидентот која заврши на мрежите е од претходно, но не се знае точниот датум. Корисниците на социјалните мрежи се лути поради видеото и сметаат дека Шакира требало порано да го напушти фудбалерот. Ниту еден од нив сè уште не се изјаснил за ова видео.




Спонзорирани линкови

Маркетинг