Канелони со спанаќ - старо италијанско јадење на кое никој не може да му одолее

Точка

27/01/2023

16:08

10.597

Големина на фонт

а а а

Доколку барате идеја за ново јадење со кое би го освежиле вашето мени, ви предлагаме да подготвите канелони со спанаќ.

Италијанската кујна е многу примамлива и обожувана на нашите простори, затоа угодете си себеси и подгответе го ова старо италијанско јадење.

Потребни состојки:

- 250 гр. инстант канелони

За сос:

- 2 чешниња лук
- 125 гр. моцарела
- 2 лажици пармезан
- 440 гр. пелати

За прелив:

- 300 гр. спанаќ
- 1/2 шолја вода
- 250 гр. рикота
- 2 лажици пармезан
- 1 јајце
- 1/4 лажичка мускатно оревче
- црн бибер


Начин на подготовка:

Кратко варете го спанаќот за да омекне, а потоа процедете го и кога ќе се излади, ситно исечкајте го.

Помешајте го спанаќот со рикотата, пармезанот, јајцето, ренданото мускатно оревче и црниот бибер.

Со подготвената смеса наполнете ги канелоните, па наредете ги во намастен огноотпорен сад.

Во друг сад помешајте ги пелатите и испасираниот лук, па прелијте го сосот преку канелоните. Посипете одозгора со моцарела и пармезан и печете 35 минути на 180 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг