(Видео) Позната манекенка падна на модна ревија, бесно ги соблече штиклите и продолжи боса: „Ова изгледа болно“

Точка

27/01/2023

15:35

8.091

Големина на фонт

а а а

Супермоделот Кристен Мекменами паднала на пистата за време на ревијата на високата мода на Валентино на овогодишната модна недела во Париз.

Манекенката, која беше незаменлива појава на меѓународните модни писти во 80-тите години, се мачела додека чекорела во дизајнерските потпетици на споменатата модна куќа.

Откако се борела да направи неколку чекори, Мекменами изгубила рамнотежа и паднала на колена. Гостите од публиката веднаш скокнале да ѝ помогнат. Меѓутоа, пред да стигнат до неа, Мекменами, видно исфрустрирана од ситуацијата, ги соблекла потпетиците и станала. Со по еден чевел во раката го завршила шоуто, но боса.

Видеата од тој момент станаа вирални и собраа милиони прегледи на социјалните мрежи.

Бројни Интернет корисници го поддржаа топ моделот.

„Не знам зошто луѓето велат дека зависи од неа кога чевлите ѝ се очигледно неудобни и тешко оди дури и откако ги соблекува“, „Ова видео ме тера никогаш да не сакам да купам чевли на Валентино“, „Јасно е дека трпи болка“, „Ова е болно за гледање“, се дел од реакциите на Твитер.

Мекменами подоцна се пошегува за целата ситуација.

„Пред да паднам“, напиша таа покрај фотографијата на која се подготвува за модната ревија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг