Шерон Стоун искрена: „Работев со големи ѕвезди кои мразат жени, а само овие двајца актери не се такви“

Точка

27/01/2023

14:43

6.658

Големина на фонт

а а а

Легендарната актерка Шерон Стоун открила дека на снимањата на филмови се соочила со мизогинија и тоа од најголемите ѕвезди во индустријата.

Ѕвездата на „Basic Instinct“ нагласила во интервју за „Variety“ дека само двајца легендарни актери не мразат жени - Џо Пеши и Роберт де Ниро, со кои работеше на филмот „Casino“ од 1995 година.


Напротив, тие биле многу пријатни на сетот и не се однесувале мизогено кон неа.

„Работев со голем број актерски ѕвезди и речиси сите ме поправаа и ми кажуваа како треба да глумам и што треба да правам“, рекла актерката.

„Тие луѓе се толку мизогени. Речиси сите, освен Роберт де Ниро и Џо Пеши. Глумев со големи ѕвезди кои имаа потреба да ми го објаснуваат цел мој текст и постојано ми кажуваа што да правам. Притоа воопшто не слушаа што зборувам и не ми дозволуваа да влијаам на нивната изведба со својата. Тоа не е добра глума“, додала Стоун.


Актерката се пожалила и дека сите ја „гледале од високо“ и сакала само да „биде присутна“.

„Мислам, ја сфаќам нивната големина и фактот дека сите мислат дека се прекрасни. Но, ќе беше човечки од нивна страна барем малку да се потрудеа да ме слушаат и да бидат присутни. Знам дека не сум најпопуларната актерка во градот и дека луѓето можеби не сакаат да го чујат моето мислење, но јас само сакав да бидам присутна и во моментот“, раскажала Шерон.


Инаку таа минатата година откри дека доживеала дури 9 спонтани абортуси и додаде дека жените се присилени да мислат дека тоа е нешто со кое треба самите да се носат и дека тоа е некој вид неуспех.

„Немаме форум да разговараме за длабочината на оваа загуба“, изјави тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг