„Ќе биде брутално!“ Се подготвува големо ресетирање, светските банкарски гиганти се подготвуваат за откази

Точка

27/01/2023

13:26

4.984

Големина на фонт

а а а

Светските банкарски гиганти се подготвуваат за најобемното намалување на работните места од глобалната финансиска криза во 2008-ма година.

Ова „кратење“ ќе уследи бидејќи раководителите се под притисок да ги намалат трошоците по колапсот на приходите од инвестициското банкарство, пишува „Financial Times“.

Отпуштањата, за кои се очекува да бројат повеќе од десетина илјади, ќе претставуваат промена на насоката во однос на масовните вработувања во банкарскиот сектор во минатите неколку години и одбивањето да се отпушти персоналот во текот на ковид пандемијата, оценува весникот.


„Намалувањето на работните места кое следи ќе биде многу брутално“, изјавил Ли Такер, сопственик на компанијата за финансиски услуги „Sivermains partners“.

Според неговите зборови, станува збор за ресетирање, бидејќи банките прекумерно вработувале последните две до три години.


Банките, меѓу кои „Credit Suisse“, „Goldman Sachs“, „Morgan Stenley“ и „Bank of New York Mellon“, веќе почнале да гасат повеќе од 15.000 работни места во последните месеци, а експертите очекуваат дека и другите ќе го следат нивниот пример.

„Goldman Sachs“ неодамна го започнал процесот на отпуштање на 3.200 вработени, што е 6,5 проценти од работната сила. Банките од Вол Стрит отпуштаат сличен број на персонал како во 2008 година во текот на финансиската криза, но во тоа време работната сила изнесувала две третини од сегашниот број. „Morgan Stenley“ во декември отпуштил 1.800 вработени, што е нешто над два проценти од вкупната работна сила.


„Bank of New York Mellon“ планира во првата половина од годината да отпушти нешто помалку од три проценти од работната сила, што е околу 1.500 вработени. Досега најголеми кратења најавила „Credit Suisse“. Во октомври минатата година, банката најавила дека ќе укине 9.000 работни места во наредните три години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг