Експертите објаснуваат: 3 причини поради кои жените постојано привлекуваат „лоши“ мажи во животот

Точка

26/01/2023

19:17

26.487

Големина на фонт

а а а

Нарцисоидните луѓе се најлоши за врска, љубов и воопшто дружење. Тие најчесто ја уништуваат самодовербата кај луѓето кои им се блиски, прават да се чувствуваат лошо, несигурно и што и да направат не е довoлно добро.

Како да бидете во врска со некој којшто непрекинато во вас предизвикува чувство дека не сте доволно добри?

Психолозите велат – никако, не треба ниту да се трудите за таквата врска. Но, доколку сте забележале дека баш таков вид на луѓе постојано „се лепат“ за вас, тоа не е случајно. Сами ги привлекувате, а еве и како.

1. Грижливи сте


Секако, нема ништо лошо во тоа да му понудите помош на оној кому му е потребна. Меѓутоа, доколку во секоја своја врска се поставувате како спасител, тоа е нешто целосно друго. Доколку оваа особина ја забележите кај себе, бидете убедени дека тоа е причината што привлекувате нарциси.

Таквите мажи бараат жени кои се подготвени да бидат настрана и да му дозволат него да доминира, истовремено му помагаат во сите сфери да се истакне и да добие почит од другите.

2. Ве привлекува „гламурозен“ начин на живот

Не се случува толку ретко жените да завидуваат на начинот на живот на нарцисите. Во поголем дел од случаите, тој ќе се издвои од останатите, има интересно друштво, наизглед живее интересен живот за каков што многумина можат да сонуваат. Не е изненадување што другите привлекуваат харизматични личности, а за кои се докажува дека се нарциси.


3. Претерано сте емпатични

Лицата кои имаат моќно чувство на емпатија се омилени жртви на нарцисите. Додека наивниот партнер сам себе се убедува дека нарцисите само треба да ги пуштите да се поправат, овој ќе продолжи да се однесува во ист стил, „цедејќи“ ја својата втора половина до изнемоштеност. Што е уште потрагично, нарцисите се одлично свесни со кого имаат работа и вешто го кријат лицето сè додека чувствителната личност не ја „уловат“ во својата мрежа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг