„Кај Нусрет на ручек“: Комичарот го имитираше Вучиќ во посета на Салт Бае – видеото е хит!

Точка

25/01/2023

18:25

7.018

Големина на фонт

а а а

Комичарот Далибор Голубовиќ од Белград стана хит на социјалните мрежи откако ја отвори страницата „Дневна доза преседника“, каде што објавува видеа на кои се претставува како претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Во последното видео го имитираше гостувањето на Вучиќ кај Салт Бае.

„Кај Нусрет“, гласи насловот на објавата која насмеа многумина и собра речиси пет илјади допаѓања и стотици коментари на Фејсбук.

Голубовиќ ги отелотворил и претседателот и познатиот готвач, кој во видеото прво му нуди на Вучиќ капучино, а потоа го храни со лиснато тесто од неговите раце.

Некои се воодушевени од имитацијата, други се бесни и го бранат Вучиќ

„Честито, го симнуваш за десетка“, „Каков крал си“, „Останав гладен и жеден кај Нусрет“, „Како го симна, долго гледав дали е навистина тој на видеото“, „Само продолжи така“, „Повеќе личи на Вучиќ отколку Вучиќ на Вучиќ“, се само дел од коментарите на корисниците под објавата.

Но, има и такви кои го бранат претседателот и го напаѓаат Далибор.

„Никогаш нема да имаме подобар претседател“, „Каква будала, нека оди во друга држава да се исмева со претседателот и да види како ќе помине“, „Што е смешно овде, да живее нашиот претседател“, се дел од коментарите во кои го „бранат“ Вучиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг