Одбиле да го преземат „Volkswagen“ после војната: „Тоа не вреди ништо“

Точка

25/01/2023

13:45

13.580

Големина на фонт

а а а

„Ford“ по Втората светска војна пропуштил историска можност да стане сопственик на „Volkswagen“ без финансиска надомест. Компанијата од Волфсбург била во незавидна позиција, а фабриката тешко оштетена. По кратко размислување на управата на „Ford“, понудата била одбиена.

„Ford“ немал среќа да му се понуди денешниот „Volkswagen“ вреден милијарда евра по пониска цена, но му било предложено да го преземе по Втората светска војна, кога германскиот гигант бил на колена.

Постоел само нацрт и скромно производство на нешто се нарекува „KdF-Wagen“, а само 210 возила биле произведени пред фабриката да престане со работа поради сојузничкото бомбардирање и воената пренамена.


„Сила преку задоволство“ е преводот на акронимот „KdF“ смислен во нацистичката канцеларија на диктаторот Адолф Хитлер, а по војната немало ни сила ни задоволство.

Фабриката во Волфсбург завршила во британскиот окупациски сектор, а интерес за речиси бесплатно преземање на претпријатието немало.


Во 1947 година, луѓе од групацијата „Rootes“ (произведувачи на „Hilman“, „Humber“ и „Sunbeam“) биле први замолени да ја преземат компанијата, но германска авантура не ги интересирала, и не виделе комерцијален потенцијал во „KdF-Wagen“.

Британската администрација не знаела што да прави со фабриката, па во 1948-ма година биле воспоставени контакти со „Ford“.


Хенри Форд Втори и претседателот на компанијата, Ернест Брич, дошле на состанок со Британците и Брич во еден момент му кажал на сопственикот:

„Господине Форд, мислам дека тоа што ни го нудат не вреди ништо“.

Сега најлесно би било да се обвинат тогашните лидери на „Ford“ за дилетантизам, но треба да се биде искрен и да се забележи дека фабриката во Волфсбург била само неколку километри оддалечена од советската окупациска зона, а планирањето на географско ризична работа во текот на Студената војна немало смисла.


Британците потоа му ја предале фабриката на германскиот инженер Хајнрих Нордхоф, а после тоа се останало приказна за успех.

„KdF-Wagen“ стана „Буба“, подоцна пристигнал и „Golf“ … а седумдесетина години подоцна, „Volkswagen“ и „Ford“ направиле нов договор за деловна соработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг