Давањето поддршка за кворум во Парламентот, не значи влез во Владата, вели Таравари

Нетпрес

24/01/2023

19:00

1.147

Големина на фонт

а а а

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари најавува дека в петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.

На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието, Таравaри одговори дека тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот. не значи и влез во Владата.

-Не, нема врска. Не е првпат некогаш ние, а друг пат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди мнозиство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се, рече Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.

Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.

Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе започнат преговори за влез во Владата, лидерот на АА, рече дека за петок закажал состанок со централното претседателство на партијата.

– Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека централното собрание му одреди на централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим. За тоа ќе ве информираме навреме, подвлече Таравари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг