3 совети за „среќен брак“ кои никогаш не треба да ги послушате

Точка

24/01/2023

17:15

26.959

Големина на фонт

а а а

Во оној момент кога ќе го изговорите судбоносното „да“ со вашиот партнер не сте ја обезбедиле вашата среќа до крајот на животот.

Бракот бара многу труд и вложување. Понекогаш напорите и компромисите кои ги вложуваме не функционираат, а понекогаш да, но во моментите кога не е сè идеално многу често добиваме безброј совети и предлози како да ги поправиме работите.

Меѓутоа, иако тие совети вообичаено се добронамерни, некои сепак подобро е да ги занемариме.

Во продолжение прочитајте три совети за „среќен“ брак кои никогаш не треба да ги послушате:


1. Во ред е доколку немате секс

Една седмица или две, па дури и месец дена без секс, секако не мора да значи дека во вашиот брак постојат проблеми, но сексот е многу важен дел од односот со вашиот партнер. Доколку изостанува подолго време, тоа веројатно нешто значи и проблемот дефинитивно дека постои.

Доколку вашиот сексуален живот не е активен, време е за разговор со сопругот за заедно да дојдете до одговорот на прашањето што се случува и како да го надминете проблемот. Во спротивно, вашиот проблем може да стане посериозен, а последиците да бидат емоционално оддалечување.

2. Направeте го секој заеднички момент посебен


Со други зборови, кога и да сте заедно направете да ви биде посебно, организирајте вечера со свеќи, испланирајте викенд. Прашањето е – дали сакате постојано да бидете под притисок дека мора да направите нешто волшебно и за паметење? Иако малото бегство може да биде прекрасно, сепак и вашeто секојдневие не треба да биде лошо.

3. Родителството ќе ги реши сите проблеми

Овој совет луѓето често го даваат кога во нечиј брак ќе се појават проблемите, меѓутоа ова е еден од советите кои никако не смее да ги послушате. Доколку вашиот сопруг и вие поминувате низ лош период, многу се карате и се оддалечувате, детето можеби ќе ги реши вашите проблеми на краток период, но кога ќе помине одредено време проблемите ќе испливаат на површина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг