Последните зборови во неговиот дневник се морничави: Славниот актер го пронајдоа мртов, а многумина мислат дека за тоа му пресудила една филмска улога

Точка

24/01/2023

14:24

18.554

Големина на фонт

а а а

Поминаа 15 години откако светот остана без една од најголемите актерски легенди на поновото доба – Хит Леџер.

Актерот на 22 јануари 2008 година ненадејно починал на 29-годишна возраст во својот стан во Менхетен.

Неговата смрт беше прогласена за несреќен случај, а обдукцијата покажала дека му пресудила комбинација на лекови и опијати поради кои доживеал срцев удар.

Многу од неговите фанови кои добро го паметат по улогите веруваат дека на актерот го уништила неговата последна улога.


Станува збор за улогата на легендарниот Џокер, а јасно е дека станува збор за лик којшто бара многу. Актерот неколку пати и сам кажал дека подготовките го исцрпиле и дека тешко се приспособил на неговиот карактер. Познато е дека Леџер користел навистина чудна метода за да го оживее ликот на Џокер, а тоа е шест седмици целосно одвојување од останатиот дел од светот и ограничување на животот во хотелска соба.

Во тоа време го креирал и познатиот „дневник на Џокер“ во којшто опишал што му поминувало низ мислите. Додека бил изолиран во хотелска соба, Леџер целосно се анализирал за да се приспособи на неговиот карактер.

„Се заклучував во соба во која експериментирав со различни гласови. Сè запишував во дневник затоа што сакав да влезам во кралството на психопатот“, објаснил во една прилика актерот.


„Тој не покажува емпатија, ниту има свест што всушност е забавно затоа што не постојат граници на она што може да го каже или направи. Секогаш е личен тој процес на вложување во одреден лик. Подготовките за улогата беа комбинација на читање стрипови и сценарија, а потоа медитирав. Кристофер Нолан и јас имавме еднаква визија за Џокер што беше очигледно по нашиот прв состанок. Потоа отидов да го пронајдам ликот, го најдов и се вратив“, раскажал Леџер во едно интервју.

Иако Кристофер и Хит имале еднаква визија, актерот често импровизирал во изведбата на сцените во Џокер. Тоа снимањето го направило непредвидливо и интензивно.

Дневникот на Џокер бил еден начин на кој Леџер влегол во ликот и практично станал Џокер на неколку месеци.

Имено, сестрата на Леџер, Кејт како мала го облекувала во костим од медицинска сестра, а токму Џокер во сцената на детонација на Готам носи униформа на медицинска сестра.


Во дневникот на Леџер исто така се наоѓаат дијалози на Џокер со други ликови, фотографии од хиени и бројни други асоцијации на овој лик, а тоа што на многумина им го скршило срцето се морничавите зборови запишани на последната страница од дневникот со големи букви:

„Bye, Bye“, напишал Леџер на крај, односно: „Збогум“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг