25-годишен пешак тешко повреден по удар од автомобил во Куманово

Макфакс

24/01/2023

12:58

1.306

Големина на фонт

а а а

Синоќа на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Трст“ во Куманово, патничко моторно возило „цитроен ц5“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(57) од Куманово, удрило во пешакот А.М.(25) од Куманово.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг