Без размислување скокнал на масовниот убиец! Напаѓачот влегол во собата и ја вперил пушката во него

Точка

24/01/2023

10:33

6.443

Големина на фонт

а а а

Надзорните камери го снимиле моментот кога напаѓачот бил разоружан и принуден да побегне.

За викендот во Калифорнија, во текот на прославата на кинеската Нова година биле убиени 10 луѓе. Нападот се случил во саботата навечер по локално време во танцовата сала во Монтереј парк, мал град во близина на Лос Анџелес. Неколку часа по нападот, напаѓачот е пронајден мртов во комби. Извршил самоубиство.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна, соопштил дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но дека неговиот мотив за масакрот е непознат.

Сега се појавиле и снимки од надзорните камери кои го покажуваат моментот кога напаѓачот е разоружен и принуден да побегне. Камерата го снимила 26-годишниот Брендон Тсаи како се бори со напаѓачот, му го одзема оружјето и го тера на бегство, неколку моменти откако убил 10 луѓе.

Тсаи вели дека напаѓачот влегол во собата и вперил оружјето во него.

„Во еден момент се замрзнав. Мислев дека ќе умрам, дека мојот живот завршува тука, токму во тој момент. Но тогаш нешто се случи. Всушност, чудо. Почна да го подготвува оружјето за да може да пука на сите и ми падна на памет дека сега е моментот да го разоружам. Би можел да направам нешто за да ги заштитат сите и потенцијално да се спасам самиот“, рекол Тсаи за „NBC“ и додал дека во тој момент мислел на своето семејство и своите пријатели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг