Трансформација за која биле потребни 5 часа и 30.000 кристали: Познатата раперка во црвено од глава до пети - буквално

Точка

24/01/2023

21:28

8.837

Големина на фонт

а а а

Познатата модна куќа „Schiaparelli“ вчера на Модната недела во Париз ја прикажа новата колекција, а раперката Доџа Кет на истата се истакнала со повеќе од ексцентричен стајлинг.

Таа по ексцентричниот стајлинг ја надмина и Кајли Џенер и ги исполни очекувањата бидејќи со досегашните модни изданија покажа дека е мајстор за модни изненадувања.

Доџа била во црвено, од глава до пети - буквално. Црвениот сатенски корсет заедно со раскошното здолниште со перли и чизмите до колена сигурно не би изгледале волку необично да не била црвената боја и кристалите по нејзината кожа.

„Соработката со неверојатно талентираната Доџа Кет и Даниел Розбери беше апсолутно уживање. Нејзиното трпение и посветеност додека се подготвуваше 4 часа и 58 минути за да ја создадеме оваа креација, прекриена со повеќе од 30.000 рачно поставени Сваровски кристали, беа навистина инспиративни“, изјави шминкерката Пет Мекграт за „Vogue“.


Доџа Кет и минатата година го привлече вниманието на Модната недела во Париз, кога ги прекри лицето, вратот и торзото со златна боја. Тогаш се најде на мета на бројни критики на кои одговори дека не се води по никакви правила и не сака да биде атрактивна.

Раперката наведе и дека секое нејзино модно издание носи некаква приказна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг