Топ листа на најпребарувани музичари на „Google“ за 2022 година: Најголем интерес за пејачот кој се најде среде скандал поради неверство

Точка

09/12/2022

21:34

5.819

Големина на фонт

а а а

Годишниот извештај за пребарувања на „Google“, кој се објавува на крајот на секоја година и прикажува што луѓето најмногу пребарувале во последните 12 месеци, покажало дека корисниците најмногу се „распрашувале“ за пејачот Адам Левин, фронтмен на групата „Maroon 5“.

Со оглед на тоа дека „Maroon 5“ оваа година не објавија нов албум ниту сингл, а нивниот последен албум „Jordi“ излезе во 2021 година, се шпекулира дека Левин е на врвот на листата на тренди музичари благодарение на контроверзиите околу неговата наводна врска со Инстаграм моделот Самнер Строх.


Строх уште во септември на ТикТок откри дека имала афера со маж кој е оженет со модел на Викторија Сикрет. Левин подоцна ја прокоментира нејзината изјава со зборовите дека „немал афера, но ја преминал своевидната граница“.

На листата на 5 најпопуларни музичари на „Google“ се најдоа и Мери Џеј Блајџ, Лил Тјај, Кендрик Ламар и Мигос.


Двете најпребарувани песни на „Google“ во 2022 година се две од филмот „Encanto“ на „Disney“ – „We Don’t Talk About Bruno“ и „Surface Pressure“.

Првите 5 песни во оваа категорија ги заокружуваат хитовите од ТикТок на „Duke & Jones“ и Луи Теру, „Jiggle Jiggle“, дуетот на Сем Смит и Ким Петрас „Unholy“ и „As It Was“ на Хери Стајлс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг