Почина Рони Тарнер, синот на легендарната пејачка Тина Тарнер

Точка

09/12/2022

20:37

6.068

Големина на фонт

а а а

Рони Тарнер, синот на легендарната пејачка Тина Тарнер, починал во својот стан во Лос Анџелес. Имал 62 години.

Тажната вест за смртта на Рони ја потврди неговата сопруга Афида, објавувајќи низа фотографии со него на Инстаграм.

„Дадов сè од себе, но не можев да те спасам“, напишала Афида, откако го загубила саканиот човек со кој била 17 години.

Како што открива „TMZ“ кој прв ја пренесе веста, извори од полицијата примиле повик во кој биле известени дека Рони имал проблеми со дишењето. Неколку минути подоцна, тој потполно престанал да дише. Оживувањето било безуспешно и бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Иако сè уште не е позната причината за неговата смрт, познато е дека синот на славната пејачка во последните години се бореше со разни здравствени проблеми вклучувајќи и карцином.


Рони во јавноста беше познат и по биографскиот филм „What’s Love Got To Do With It“ од 1993 година, во кој глумеше заедно со својата мајка.

Животот на Тина Тарнер го одбележаа многу трагедии, а една од нив е и смртта на нејзиниот најстар син Крег, кој бил роден кога имала само 18 години. Крег почина во 2018 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг