Глетка од пеколот на Хаваите, се создале огнени реки: Вулканот Мауна Лоа исфрла лава, пепел и гас веќе 11 дена

Точка

09/12/2022

17:12

2.526

Големина на фонт

а а а

Пред оваа, последната ерупција била во март и април 1984-та година и тогаш лавата се проширила во дијаметар од осум километри.

Неверојатната ерупција на најголемиот активен вулкан на светот, Мауна Лоа на Хаваите, не се смирува. На снимките може да се види како исфрла гас, пепел и лава во небото единаесетти ден откако прв пат почнал да еруптира на 27-ми ноември.

Летајќи на висина на повеќе од 4.000 метри над морското ниво, Мауна Лоа е најголемиот активен вулкан на земјата и се наоѓа на јужниот централен дел на островот Хаваи. Пред оваа, последната ерупција била во март и април 1984-та година и тогаш лавата се проширила во дијаметар од осум километри.

Откако вулканот почнал да еруптира на 27-ми ноември, надлежните соопштиле дека моментално не постои закана по оние кои живеат под вулканот, но од Геолошката служба на САД предупредиле дека ситуацијата би можела брзо да се промени.

Островот е осветлен со црвена светлина, а фотографирани се глетки од лава на врвот на вулканот. Објавено е предупредување за паѓање на пепел на земјиштето и околните водени површини, а жителите се повикуваат да бидат внимателни. На сила е највисок степен на предупредување.

Како што соопштиле од „USGS“, раната фаза на ерупцијата на вулканот може да биде многу динамична, а локацијата и напредокот на лавата може брзо да се менуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг