Дешамп: Англија нема слаби точки

Макфакс

09/12/2022

16:36

1.944

Големина на фонт

а а а

Актуелните светски шампиони, фудбалерите на Франција, во сабота од 20 часот го играат четвртфиналниот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Англија.

„Сигурен сум дека Англија ќе се подготви да се соочи со нашиот напаѓач Килијан Мбапе како што тоа го правеа нашите претходни противници“, изјави селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп и дополни.

„Килијан е во позиција да направи разлика. И покрај тоа што не одигра најдобро против Полска, сепак тој влијаеше на се она што се случуваше на теренот. Имаме и други играчи кои исто така можат да решат многу работи. Англија нема слабости. Сите тимови имаат силни страни, но сите имаат и свои слабости. Англија нè виде како играме четири натпревари. На крајот од денот, треба да ги идентификувате областите каде што мислите дека можете да ги нападнете“, рече селекторот на Франција за „Скај спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг