(Видео) Интервју на „Боемот“ за „А1он“ кој беше уапсен за дојавите за бомби: „Во оваа држава и да си невин, можат да те оцрнат до максимум“

Точка

09/12/2022

16:33

2.227

Големина на фонт

а а а

Никола Николовски познат како „Боемот 2.0“ кој јавноста го знае како единствениот уапсен за бомбите во основните училишта, во прво интервју за „А1он“ зборува за моментите кога ја докажувал неговата невиност.

Од кафе средба завршил во полициска станица, во неговиот дом се правел претрес, а полицајци го барале околу зграда додека тој сам се пријавил по повик од МВР.

Николовски беше мета и на погрдни коментари и осуда од јавноста, нарекуван како „бомбаш“, што допре и до неговата фамилија. Тој зборуваше за шокот кој го доживеал.

„Тоа што се случи и фамата овој период остави длабоки траги. Се изнесоа многу невистини“, вели тој за „А1он“.

Николовски нема да се откаже од тоа да најде кој го намести за да заврши во полициска станица. Му ставија и политички етикети.

„Веќе пет години кога ќе напишам за една политичка партија ми велат дека сум за друга. Сето тоа така се врти во круг“, додава тој и вели дека му пречи корупцијата.

„Во државава, вистинските виновници не се на своето време, најлесно е невиниот да го притиснат. Во оваа држава и да си невин, можат да те оцрнат до максимум“.

Повеќе во неговото интервју за „А1он“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг