Евтин, овошен десерт чија подготовка не одзема многу време: Сочни мафини со мандарини и јогурт

Точка

09/12/2022

16:00

11.091

Големина на фонт

а а а

Мафини полнети со слатки мандарини секогаш се добар избор во текот на зимските месеци, а доколку ги подготвувате вака – ќе добиете свој нов омилен колач.

Мафините се сечиј омилен десет, а состојките во оваа варијанта се мандарините.

Трикот исто така е и во јогуртот којшто на колачот му дава сочност, додека пак ренданата кора од лимон е тука за посебен цитрусен вкус.

Состојки:

- 240 грама брашно;
- 100 грама шеќер;
- ½ лажичка сол;
- 1 ќесичка сода бикарбона;
- 2 лажички прашок за печиво;
- 60 грама путер;
- 2 лажици млеко;
- 1 јајце;
- 240 милилитри густ јогурт;
- 2 мандарини;
- Рендана кора од лимон.


Подготовка:

Во една чинија помешајте го брашното, шеќерот, солта, прашокот за печиво и содата бикарбона. Стопете го путерот, оставете да се излади, па додадете му млеко, јајца и јогурт, па добро мешајте сè додека не добиете соединета смеса без грутки.

Додадете лажица рендана кора од лимон и исечкани мандарини, па повторно сè добро измешајте.

Ставете ја смесата во калапи за мафини, па печете на претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

Оставете да отстојат околу 5 минути, па извадете ги од калапите и послужете со чај, кафе, сок од портокал...


Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг