Само 6 секунди дневно се доволни за да ја разгорите страста и да ја подобрите врската: Не може да биде поедноставно, а е неверојатно моќно

Точка

09/12/2022

15:30

21.484

Големина на фонт

а а а

Психолозите објаснуваат дека бакнежот кој трае најмалку 6 секунди не само што може да ја сочува врската, туку и драстично да ја подобри.

За врската да биде поцврста и партнерите да имаат поблизок однос, потребно е редновно да се бакнуваат најмалку шест секунди, вели психологот Џон Готман. Оваа негова теорија за прост начин на зајакнување на врската ја пренесоа сите светски медиуми, а еве и зошто со „брзина на светлината“ стана популарна.


Кога бакнувањето престанува

По завршувањето на почетната фаза, кога страстите се на највисоко ниво и физичкиот контакт е императив, паровите практично престануваат да се бакнуваат (освен како дел од предигра за интимен однос). Бакнежите повеќе не се дел од интимната конекција, блискоста и нежноста која ја чувствувате кон партнерот, туку начин да се поздравите за одење или доаѓање.

Меѓутоа, Готман смета дека долгиот бакнеж кој трае најмалку шест секунди е одличен начин да ја зајакнете врската. Истовремено ги советува паровите никако да не се задоволуваат со кратки, брзи и рутински бакнежи – тие не придонесуваат за подобрување и продлабочување на односот.


Зошто бакнувањето вака делува на паровите? Според него, за време на бакнувањето личноста се смирува и чувствува голема благодарност поради личноста која ја сака и која е во нејзиниот живот. Освен тоа, оваа убава навика и тоа како поттикнува добра и квалитетна интима и ја разгорува страста.

Научно е докажано дека бакнувањето го намалува нивото на хормонот на стрес - кортизол и го зголемува нивото на хормонот на радост и приврзаност – окситоцин, како и хормонот на среќа – допамин. Антропологот Хелен Фишер го нарекува бакнувањето механизам кој помага да се избере и процени потенцијалниот партнер и истакнува дека овој тип на контакт ја зголемува желбата за интимни односи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг