Голи рамена, мини фустан и предизвикувачки чизми – во таков стајлинг може да се појави само таа, а уште еднаш докажа зошто остана најпосакувана жена

Точка

09/12/2022

15:05

8.905

Големина на фонт

а а а

Хајди Клум никогаш не го издава гламурот на црвениот тепих, па така овојпат ја исполнила својата задача и ги надминала сите очекувања.

Славната манекенка направила „бум“ и се појавила во голем стил на доделувањето на наградите „People’s Choice Awards“ 2022 кои биле одржани на 6 декември во Баркер Хангар во Санта Моника, Калифорнија.

За ноќта со ѕвездите, Хајди Клум носела геометриски, зелено-бел мини фустан којшто делува како да е направен од реконструкциски капут.

Рамената ѝ биле откриени, како и нејзиниот совршено тониран грб, а цел стајлинг го надополнила со елегантни, бели, високи чизми кои се протегале до половина од колковите, а истите биле од брендот „Yannik Zamboni“.

Сепак, нејзината руса коса и феноменалната насмевка се нејзиниот личен печат, а зелената сенка за очи целиот стајлинг само го издигнала на повисоко ниво.

Погледнете ги фотографиите:




Спонзорирани линкови

Маркетинг