Го носеа Оливија Вајлд, Хејли Бибер, Џоди Тарнер-Смит...: Овој фустан е прогласен за најдобар избор за забава за 2022 година

Точка

09/12/2022

14:42

8.236

Големина на фонт

а а а

„Vogue“ избра „party“ фустан за 2022 година и тврди дека истиот предизвикува да „останеме без здив“.

Моделот „Solaria“ на брендот „16Arlington“ кој чини 1000 фунти, ги воодушеви модните критичари поради што ја заработил оваа ласкава титула.

Фустанот кој потсетува на рибарска мрежа во целост е прекриен со светкави детали и се карактеризира со долги ракави, сирена крој и необичен изрез на стомакот.

Не толку проѕирен како „naked“ фустаните кои ги гледаме на разни свечености, моделот „Solaria“ не е ни близу до традиционалниот вечерен фустан. „Vogue“ истакнува дека сета блескавост на креацијата ја негира потребата за било какви модни додатоци – „тивка и бучна во истовреме“.


„Возбудливо е да се види фустан кој го носат толку незаборавни жени“, изјавил креаторот на „Solaria“, Марко Капалдо, а помеѓу славните дами кои го носеа се Џоди Тарнер-Смит, Палома Елсезер, Алва Клер, Оливија Вајлд и Хејли Бибер.


„Во тоа постои леснотијата која навистина зборува за сржта на она што го работиме, гламурот не мора да биде тешко заработен потфат – може да биде едноставен како добро скроен фустан кој можете да го носите во секоја прилика, а да не морате да размислите двапати“, порачува Капалдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг