Сантош откри како реагирал Роналдо откако дознал дека нема да стартува во осминафиналето

Дерби

09/12/2022

13:45

2.679

Големина на фонт

а а а

Португалскиот селектор Фернандо Сантош ја завршил редовната прес-конференција, а новинарите очекувано биле најзаинтересирани за Кристијано Роналдо и неговото однесување откако беше резерва во осминафиналето.

Роналдо остана на клупата со што доби директна порака од селекторот, а Сантош вели дека никој не е изненаден што првата ѕвезда била незадоволна од одлуката.

– Нормално е дека не беше задоволен од одлуката.

– Затоа и разговарав со него, му ги објаснив работите, не беше задоволен, но покажа почитување.

– Се однесуваше како капитен и во ниту еден момент не се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата. Мислам дека не треба да се фокусираме само на Роналдо, бидејќи се однесуваше капитенски и на клупата, ги бодреше соиграчите и ги прославуваше головите. Тој прв ги поздрави фановите, а потоа доби критики затоа што сам се упатил кон соблекувалната, – изјавил Сантош.

Португалија во четвртфиналето за противник ќе го има Мароко.



Спонзорирани линкови

Маркетинг