(Видео) Осуди од сите страни за ПР-от на бразилската селекција кој брутално се однесуваше со мачка: „Удрија“ и по неговата машкост

Точка

09/12/2022

13:35

3.454

Големина на фонт

а а а

ПЕТА (Луѓе за етички третман на животните) се огласија по повод настанот на прес-конференцијата на репрезентацијата на Бразил и немаат нималку пријатна порака за портпаролот на Бразилците, кој се најде во центарот на вниманието поради необичното отстранување на мачка од масата.

Овонеделната прес-конференција на бразилската фудбалска репрезентација во Катар, накратко била прекината од мачка која се качила на масата.

Винисиус Жуниор, кој одговарал на прашања на новинарите, се насмевнал, а потоа следел необичен потег на бразилскиот портпарол.

Прво ја погалил мачката, а потоа на необичен начин ја фатил и ја фрлил од масата – потег кој многумина го осудија.

По оваа немила ситуација, се огласија и ПЕТА, кои воопшто немале убави зборови за главниот актер на овој настан.

„Вистинските мажи се нежни кон животните, вклучувајќи ги и мачките. Што не е во ред со овој човек? Следниот пат кога ќе сретне мачка, треба да се насмевне како Винисиус, наместо да биде толку груб и брутален. Се надеваме дека некој ќе се погрижи за оваа слатка мачка, која веројатно нема дом, како многу други“, напишаа од ПЕТА на официјалниот Твитер профил.

Бидејќи инцидентот се случил во Катар, американска организација ПЕТА не може да го санкционира портпаролот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг