Славната актерка призна: „За овој филм од почеток знаев дека ќе биде целосно промашување“

Точка

09/12/2022

23:45

11.318

Големина на фонт

а а а

Актерката Шарлиз Терон проговорила за еден од своите филмови за кој од почетокот знаела дека ќе биде промашување.

Терон во 2005 година ја презела улогата во популарниот ситком „Arrested Development“. Тој настап гледачите веројатно не го очекувале од неа, меѓутоа се покажало дека постои причина за нејзиното појавување во хумористичната серија затоа што тоа всушност било надополнување за уште еден проект таа година за кој знаела дека ќе пропадне.


„Многу ми се допаѓаше таа серија, а ова ќе звучи како да сум многу бедна, но се чувствував како некогаш жените да имаат една можност, а знаев дека „Aeon Flux“ ќе пропадне. Го знаев тоа од почетокот, затоа глумев во Arrested Development“, изјавила актерката.

Финансиско и критичко потфрлање

„Aeon Flux“ е интересен научно-фантастичен акциски филм кој се темели на истоимената MTV серија која заработил 52,3 милиони долари во однос на буџетот од 63 милиони долари, а критичарите исто така го „закопале“. Терон глуми жена борец која е член на подземна побунувачка организација наречена „Monicas“.

„Не знам дали имав одговори како тоа да го поправам, но дефинитивно знаев дека сме во неволја. Не бев продуцентка на тоа и немав искуство да го кажам тоа што верувам дека Том Круз го кажува во последните 20 години, а тоа е: Доста е ова, земи уште четири сценаристи и одиме сериозно да го сфатиме ова“, изјавила Терон.

„Наместо тоа, јас кажав: О, Боже... Само морам да го преживеам овој ден, имам бронхитис, но ќе продолжиме да снимаме. Сега ги замислувам сите машки актери како зборуваат: Запри ја продукцијата на шест месеци. А, никој не ми кажа дека тоа е опција“, додала актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг