Идеја за ручек: Посна мусака на вода, еднакво вкусна како мрсната

Точка

08/12/2022

21:17

12.118

Големина на фонт

а а а

Мусаката е јадење кое често се наоѓа на трпезите низ нашата земја. Многу лесно се подготвува, заситува, вкусна е и затоа домаќинките сакаат да ја подготвуваат.

Рецептот за мусака обично вклучува компири или тиквички и месо, но посната верзија на ова јадење е малку поинаква и исто толку вкусна.

Состојки:

- 500 гр. компири;
- 1 главица кромид;
- 50 гр. ориз;
- вода;
- сол;
- бибер;
- 100 гр. посно сирење.


Подготовка:

Излупете ги компирите, измијте ги и исечете ги на подебели прстени. Измијте го оризот во малку вода, а кромидот ситно исечкајте го.

Посолете ги компирите и додадете бибер и зачини по вкус.


Плехот во кој ќе печете обложете го со хартија за печење, а на дното наредете дел од компирите. Над компирот рамномерно распоредете ги оризот и кромидот, па повторно наредете ги компирите.

Се прелива со вода, за да се натопат компирите. Загрејте ја рерната на 220 степени и печете ја мусаката околу 40 минути. Кога ќе биде готова, врз мусаката посипете го ренданото сирење.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг