Бербок: Блокадата за Романија и Бугарија е лош ден за Европа

Точка

08/12/2022

20:08

4.339

Големина на фонт

а а а

Блокирањето на влезот на Романија и Бугарија во Шенген зоната, претставува лош ден за Европа, рекла денеска германската министерка за надворешни работа Аналена Бербок.

На Романија и Бугарија денеска им е одбиен пристап на подрачјето на Европската унија во кое движењето на луѓето е можно без пасош, по приговорите во кои предничела Австрија, јавува "Reuters".

"До последен момент се боревме да обезбедиме прием на Бугарија и Романија во шенгенскиот простор", изјавила Бербок на прес-конференцијата во Даблин.


Истакнала дека ваквата одлука е повеќе од грешна, не само во европски рамки, туку и од геополитичко гледиште.

„Наместо да се гордееме дека сме направиле нешто убаво за Европа, мораме да признаеме дека ова е лош ден за нашата Унија“, навела германската министерка за надворешни работи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг