Актерот жали што ја одбил улогата во хит-филмот: „На крај Бред Пит ја доби, навистина згрешив...“

Точка

08/12/2022

17:57

8.231

Големина на фонт

а а а

Дензел Вашингтон е познат по улогите во хит-филмовите, како што се: „Malcolm X“, „Philadelphia“, „The Equalizer“ и многу други, но за една улога жали што ја одбил.

Популарниот актер Вашингтон еднаш открил дека жали што ја одбил главната улога во филмот „Seven“ која му припаднала на Бред Пит.

„Навистина згрешив“

„Ми ја понудија улогата во филмот ‘Seven’. Ја одбив. Бред Пит заврши како главен актер. Навистина погрешив со тоа. Воопшто, никогаш не сум бил од оние кои бараат улоги. Навистина“, изјавил актерот.

„Има доволно улоги за мене и се чини дека истите се појавуваат доволно редовно. Откако освоив Оскар, добивам повеќе понуди иако меѓу нив има и многу ѓубре. Секогаш тешко ќе пронајдете добар материјал“, додал актерот.


Оскаровецот моментално го снима третото продолжение на филмот „The Equalizer“ којшто треба да биде објавен во септември наредната година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг