(Видео) Селин Дион ја одложи турнејата! Пејачката откри од што боледува: „Не можам да пеам како порано...“

Точка

08/12/2022

14:43

6.353

Големина на фонт

а а а

Селин Дион откри дека боледува од синдром на вкочанетост и ја одложи својата турнеја.

Синдромот на вкочанета личност (stiff-person syndrome) е ретко автоимуно нарушување на движењето кое влијае на централниот нервен систем (мозокот и 'рбетниот мозок).

„Долго време имам здравствени проблеми и ми беше навистина тешко да се соочам со овие предизвици и да зборувам за сè низ што поминав. Со тага ве информирам дека не сум подготвена да одам на турнеја во февруари“, открива Селин.

Таа додаде дека неодамна ѝ бил дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој се појавува кај приближно еден од милион луѓе.

„Сè уште учиме за оваа ретка медицинска состојба. Сега знаеме дека овој синдром ми предизвика грчеви. Тие влијаат на секој аспект од мојот живот. Имам тешкотии во движењето и не можам да ги користам гласните жици за да пеам како порано“, признава пејачката.

Таа откри и дека има одличен тим лекари кои ѝ помагаат да закрепне. Секако, со неа се и нејзините деца и другите членови на семејството.



Спонзорирани линкови

Маркетинг