Семејството на Брус Вилис скршено од болка, состојбата на актерот се влошува: „Се молат за чудо“

Точка

08/12/2022

13:26

16.708

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Брус Вилис во март оваа година соопшти дека ја завршува својата повеќедецениска кариера откако му била дијагностицирана афазија.

Поради тоа што неговата состојба со текот на времето само се влошува, неговото семејство го користи секој момент да го помине со него.

„Тие знаат дека Брус нема да биде тука засекогаш. Затоа го ценат секој момент“, изјавил извор близок до семејството за странските медиуми.

Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешната сопруга на Вилис, уште повеќе се зближиле и заедно му помагаат на актерот во олеснување на животот со болеста, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.

„Таа ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, му се јавува на телефон само за да го чуе“, додал изворот.

Многучленото семејство, како и секоја година, ги поминува празниците во Ајдахо, а на социјалните мрежи се појави и фотографија на која Мур и Вилис позираат заедно со својата 28-годишна ќерка Талула.

Изворот вели дека времето поминато заедно и традицијата отсекогаш биле посебни за ова семејство и дека нивните пријателства сега станале уште поубави, но со доза на тага.

„Брус не може многу да зборува и се чини дека не разбира многу од она што другите го кажуваат. Ема стана негов глас и некој кој комуницира наместо него. Има денови кога забележуваат делови од стариот Брус, но тоа се кратки моменти. Брус како сè повеќе да се оддалечува и тоа им го крши срцето. Не можат да го замислат Божиќ без него“, вели изворот и додава:

„На неговите постари ќерки им недостасува нивниот татко каков што беше, оној кој ги задеваше поради нивните момчиња и им даваше совети. Со празниците кои доаѓаат, сè што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и дека се молат за чудо“.

За потсетување, Брус се ожени со Ема во 2009 година, а заедно ги имаат ќерките Мејбл и Евелин. Со Деми Мур беше во брак од 1987 до 2000 година и заедно ги имаат ќерките Румер, Талула и Скаут.



Спонзорирани линкови

Маркетинг