(Видео) Технологија која ќе го смени Холивуд засекогаш: Со притискање на едно копче се менува староста на актерите

Точка

07/12/2022

16:16

13.672

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Disney“ претставила унапреден AI систем (вештачка интелигенција) кој автоматски додава односно одзема години, без оглед на изразите на лицето, условите на осветлување или пак перспективата на сликата.

Го забрзува процесот

Софтверот FRAN (Face Re-aging Network) ветува дека драстично ќе го забрза креирањето на визуелни ефекти, кои подразбираат со недели макотрпна работа.

Да го споменеме само рачното доработување на кадрите во кои се гледа лицето на актерот или пак снимањето со помош на дигитални кукли.

Софистицираниот систем бара да внесете фотографија од личноста, по што автоматски одредува кои делови треба да се сменат.


FRAN додава ефекти како што се брчки или пак застарена кожа и се грижи актерот да не го изгуби својот идентитет, односно резултатите да не бидат премногу генерички.

Огромен потенцијал

Чудото на „Disney“ е во фаза на развој и не е перфектно. Сепак, тоа нуди огромен потенцијал и можност на значајна заштеда на време/средства, пренесува „Futurism“.

Во наредниот прилог ќе видите како FRAN ги извршува своите задачи, најавувајќи револуција во Холивуд, но и во светската филмска индустрија.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг