Репрезентацијата на Португалија е противникот на Мароко во четвртфиналето на 22. Светско фудбалско првенство.
Португалците покажаа сила, моќ, знаење и ја декласираа Швајцарија со 6-1 на дуелот кој вечерва се одигра во Лусаил. Селекторот Сантош се реши да тргне без Роналдо на оваа средба, одлука која се покажа како коректна затоа што тимот перфектно функционираше.
Токму замената за Роналдо, членот на Бенфика блеска и со првиот хет-трик на овој Мундијал одигра клучна улога во големиот триумф. Во листата на стрелци се запишаа уште Пепе, Гереиро и Леао кој стави точка на шоуто на поранешниот европски шампион.
Единствениот гол за поразените беше дело на Аканџи во 58 минута.